San Sebastian PASSIFLORA Tincture помага во олеснувањето на симптомите на анксиозност и несоница. Смирувачкото дејство што го поседува, доаѓа од присуството на флавоноиди, а највеќе од флавоноидот наречен кризин, којшто е главната супстанца на пасифлората. Тој дејствува на начин што се врзува со ГАБА-бензодијазепинските рецептори во мозокот (ГАБА-рецепторите се класа на рецептори кои реагираат на ГАБА - гама аминобутиринската киселина, главниот инхибиторен невротрансмитер на централниот нервен систем, и имаат улога во остварувањето на когнитивните функции), го засилува дејството на гама аминобутиринската киселина, што резултира со смирувачко и благотворно дејство во организмот, притоа помагајќи при состојби на вознемиреност и несоница.
Пасифлората е растение кое за првпат е откриено од шпанските конквистадори во Перу во 1569 година, и има долга историја на примена во олеснувањето и ублажувањето на мноштво состојби, како што се несоница, анксиозност, епилепсија, висок крвен притисок, проблеми со варењето и многу други.
Пасифлората е нежен, природен додаток во исхрана и најдобар пријател на квалитетниот сон. Неговите балансирани лековити моќи доаѓаат од алкалоиди и биофлавоноиди на растението, единствени соединенија кои се во позитивна интеракција со сопствените методи на организмот за одржување на менталното, физичкото здравје и рамнотежа.
Пасифлората ги релаксира грчевите и напнатоста на мускулите без да влијае на дишењето или психолошката функција на начинот на кој повеќето седативи тоа го прават, што го прави моќен, а сепак лесен и пријатен за употреба.
Ви ги презенитираме најмоќните здравствени придобивки од пасифлора:
Против несоница . Најчестите медицински употреби на пасифлората е да помогне во ублажување на несоницата, неможнос за здрав и континуиран сон. Поконкретно, последните истражувачи открија дека мали дози пасифлора кои придонесуваат за квалитетен и мирен сон кај возрасни лица и тоа без чувство на поспаност во текот на целиот ден.
Ја намалува болката. Поради антиспазмолитични и седативни ефекти, физичката болка, исто така, се намалува со пасифлора на безброј начини. Пасифлората е најдобриот избор за предменструални грчеви или за намалување на слната мигренска главоболка. Исто така, може да ги ублажите мускулните болки и грчеви па дури и силни забоболки.
Помага при стрес и анкциозност. Нервоза, анкциозност, секојдневен стрес и притисок предизвикан од модерното и брзо живеење ќе бидат драстично намалени и ублажени благодарение на редовното користење на пасифлората. Дополнително на тоа, пасифлората не предизвикува поспаност или влошување на работните перформанси следниот ден што е специфика на седативите.
Анти-депресант и олеснувач при менопауза. Совршен двоен избор во перидот на менопауза кој покрај тоа што го олеснува овој период на промени во телото на жената во таа фаза дополнително делува и како антидепресив кој ги отклонува „топлите бранови“ и непријатните периоди типични за периодот на менопауза.
Испитаници во една студија земале додатоци со пасифлора секој ден во текот на шест месеци. Значителни симптоми на подобрувања се појавиле по третата недела. Истражувачите открија дека цветот од пасифлора може да обезбеди предност кај жените со менопауза кои не можат или ќе одлучат да не користат било какви видови хормонски замени.
Благодарение на ваквото дејство пасифлората помага во олеснувањето на анксиозноста, бессоницата, чувството на паника, раздразливоста, а е делотворна и во ублажувањето на мускулниспазми. Во споредба со конвенционалните лекови за третирање на овие состојби, кои често имаат несакани ефекти и создаваат зависност, како што се дијазепамот и оксазепамот, истражувањата покажуваат дека екстрактот од пасифлора е подеднакво ефикасен, но без споменатите штетни ефекти*.
San Sebastian PASSIFLORA Tincture помага во олеснувањето на симптомите на анксиозност и несоница. Смирувачкото дејство што го поседува, доаѓа од присуството на флавоноиди, а највеќе од флавоноидот наречен кризин, којшто е главната супстанца на пасифлората. Тој дејствува на начин што се врзува со ГАБА-бензодијазепинските рецептори во мозокот (ГАБА-рецепторите се класа на рецептори кои реагираат на ГАБА - гама аминобутиринската киселина, главниот инхибиторен невротрансмитер на централниот нервен систем, и имаат улога во остварувањето на когнитивните функции), го засилува дејството на гама аминобутиринската киселина, што резултира сосмирувачко и благотворно дејство во организмот, притоа помагајќи при состојби на вознемиреност и несоница.
*Не се забележани посериозни несакани дејства од користење на екстракт од пасифлора, но треба се почитува препорачаниот дневен внес, бидејќи пречекорувањето на препорачаната доза може да доведе до поспаност, конфузија, вртоглавица и забрзано срцебиење.
**Бремени жени и доилки – Не е безбеден за употреба од страна на бремени жени, бидејќи содржи материи коишто можат да поттикнат утерини контракции. Не е познато дали има несакани ефекти кај доилки.
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, Зегин Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, ДМ-дрогерии, Cosmo - Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)

